Објавено на: 13 декември 2021
Третиот дел од програмата „Musica Viva за деца“ донесува осум става (8–15) од Младинскиот албум (1960) од композиторот, долгогодишен професор и прв декан на Високата музичка школа, односно Факултетот за музичка уметност, Властимир Николовски (1925–2001).
Изведбата е на Даниел Петрески – апсолвент на програмата за музичка теорија и педагогија и студент на IV година на пијано во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска изведува осум става од Младинскиот албум.
Програмата „Musica Viva за деца“ е дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проектот опфаќа реализација и објавување снимки со изведби на студентите на Факултетот за музичка уметност на YouTube каналот на ФМУ – Скопје. На програмата се дела на македонски и светски композитори чиишто јубилеи се одбележуваат во 2021 година.
https://www.youtube.com/playlist?list=PLudg2mgYY40ArIkpl2iCTrKUk0ZKIv1oO
Властимир Николовски
Младински албум (1960)
Даниел Петрески – музичка теорија и педагогија, апсолвент и пијано, IV година
Класа: проф. д-р Марија Ѓошевска
Тажачка
Во орото
Страв
Неизвесност
Караница
Песна
Страшна приказна
Танец