Објавено на: 01 февруари 2022
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА
ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ,
ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ОД УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Рокови за пријавување и запишување на втор циклус студии, во вториот уписен рок од учебната 2021/2022 година:
- Пријавување на кандидатите за вториот уписен рок: 7. до 18.2.2022
- Запишување на примените кандидати: 21. до 24.2.2022
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk
Во електронскиот систем за уписи и на наведената маил адреса, задолжително треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- пријавенлист за запишување на втор циклус студии (се купува во книжарници);
- електронска пријаваод Iknow системот;
- оригинален документ за завршен прв циклус студии - диплома или уверение (странските државјани, задолжително прикачуваат и Решение за признавање на високообразовна квалификација стекната во странство, издадена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- извод од матична книга на родените;
- доказ за државјанство;
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- потврда за уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00) и
- 3075 денари за пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723019 41)
По проверката на доставената документација, кандидатите ќе бидат известени дали нивната пријава е прифатенаи ќе добијат известување за потребната документација за запишување.
* Физичкото доставување на документите за пријавување и документите за запишување,ќе се одвива во периодот од 21. до 24.2.2022 година, односно во термините за запишување на примените кандидати.
Во прилог на ова соопштение може да го погледнете целиот Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година.
Конкурс, втор уписен рок.pdf