Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Честит 24-ти Мај – Денот на светите Кирил и Методиј, патрониот ден на УКИМ и 73-годишнината од неговото основање

Објавено на: 24 мај 2022

Почитувани,
Денес се одбележува 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј, патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 73-годишнината од неговото основање.
Нека е честит и вечен споменот на сесловенските просветители.
На 20 мај, делегацијата на ФМУ со положување на свежо цвеќе учествуваше во Програмата по повод одбележувањето на 73-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј, патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Пријатен празничен ден,
Факултет за музичка уметност – Скопје