Објавено на: 14 јуни 2022
Со објавувањето на електронското издание на осмата книга Електронска музика од Димитрије Бужаровски, се заокружува автомузиколошкиот мега проект во кој на над 1700 страници се обработени над 170 опуси од неговото творештво. Краткото видео постирано на јутјуб каналот на БузАр, како и за претходните книги, содржи прошетка низ страниците на оваа книга придружена со аудио и видео примери од обработените дела. Издавач на целиот циклус книги е Факултетот за музичка уметност од Скопје, и рецензенти беа проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја и проф. д-р Трена Јорданоска, која воедно ја изврши многу сложената работа на техничкото уредување на книгите проследени со бројни примери од партитурите и фотографии и скенирани програми и плакати од изведбите.
Како и претходните книги и оваа може бесплатно да се преземе од сајтот на архивот БузАр: