Објавено на: 28 јуни 2022
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ,
ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
Пријавување на кандидати
прв уписен рок: 25 и 26.8.2022
втор уписен рок: 14 и 15.9.2022
трет уписен рок: 28.9.2022
Проверка на знаења и умеења (приемни испити)
прв уписен рок: 30.8.2022 – 6.9.2022
втор уписен рок: 16.9.2022 – 20.9.2022
Објавување прелиминарна ранг-листа
прв уписен рок: 7.9.2022
втор уписен рок: 20.9.2022
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)
прв уписен рок: 9.9.2022
втор уписен рок: 23.9.2022
Запишување на примените кандидати
прв уписен рок: 12 и 13.9.2022
втор уписен рок: 26.9.2022
трет уписен рок: 30.9.2022
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
- електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
- оригинални свидетелства од сите класови
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- извод од матична книга на родените
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- изјава за национална припадност (по потреба)
- потврда за уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00) и
- 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети, на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41).
Важни напомени:
-Физичкото доставување на наведените документи за пријавување ќе се врши на датумите предвидени за пријавување на кандидати (25 и 26.8.2022 година). Електронското пријавување на кандидатите е активно од 6.7.2022 година.
-Приемните испити ќе се одржат со физичко присуство во просториите на ФМУ – Скопје според распоредот даден во прилог
Во прилог на ова соопштение може да погледнете:
- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година;
- Испитни барања и програми за проверка на знаењата и умеењата (приемни испити);
- Распоред на приемни испити;
- Жиро сметка за уплата на приемни испити.
Конкурс 2022-2023.pdf Барања и програми за приемните испити ФМУ-Скопје 2022.pdf Распоред приемни испити 1 рок 2022.pdf Жиро сметка ФМУ.docx