Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Активности на проф. д-р Искра Шукарова во период од декември 2021 до август 2022 година

Објавено на: 18 август 2022

 

  1. 6 декември 2021 - Одбележување на 55 години ФМУ-УКИМ со танц филм изработен од страна на студентите од втора година насловен Интеракции на музика на Властимир Николовски во изведба на Даниел Петрески во класа на Проф. Марија Ѓошева под менторство на Проф. Шукарова 
  2. 15 декември - Изложување на трудот ГЛАСОТ НА ТЕЛОТО на Проф. Д-р. Шукарова изработен во соработка со артистот Питер Шишиоли од Њујорк-САД кој е воедно прв асистент на познатата Мередит Монк. Предавањето беше дел од серијата предавања по повод 55 години ФМУ во координација на Проф. Коларовска и Проф. Димитријевски
  3. 8 до 11 февруари 2022 - Гостување на Проф. Шукарова во Загреб во Тала Танц Центар како дел од соработката со мрежата Номад Танц Академија на проектот НАМ насловен Кјуриосити проект
  4. 12 април - Мастер клас на студентите од катдрата за балетска педагогија - насока современ танц со професор Олга Житлухина од Латвиската Аладемија на Уметностите во Рига, Латвија
  5. 9 мај -  Мастер клас со студентите од катедра за балетска педагогија - насока современ танц со професори од Фонтис академија за интердисциплинарни студии во Тилбург, Холандија 
  6. 11 до 15 мај - гостување на Проф. Шукарова во Софија на Фестивал Антистатик на Бугарска Танц Платформа
  7. Учество на Проф. Шукарова и студентите од втора година катедра за балетска педагогија - насока современ танц на Конференција за развој на креативните индустрии (поддржано од Еразмос плус програмата) во организација на Прес ту Егзит во Музеј на Современа Уметност
  8. Учество на студентите од втора и четврта година на Фестивалот за класичен балет и модерен танц во НУ НОБ со делото ИНТЕРАКЦИЈА (студенти Теодора Авросиевска; Катерина Здравковска и Ангела Петровска) на музика на Властимир Николовски во изведба на Даниел Петрески во класа на Проф. Марија Ѓошева и делото ПРЕКУМЕРНО РАЗМИСЛУВАЊЕ во изведба на Срна Клотз на музика на Дуке Бојаџиев