Објавено на: 09 септември 2022
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 19.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА
- 20.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА
- 21.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА
- 22.9. – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2018 ГОДИНА.
Потребни документи за запишување:
- Индекс (индексот задолжително претходно да се подигне од одделението за студентски прашања и да се пополни со сите предмети кои ќе се запишат во зимскиот семестар);
- Образец за запишување на семестар;
- Образец ШВ.20 за потребите на Завод за статистика;
- Потврда за уплата на прва рата школарина (6.150 денари за студентите запишани во државна квота и 12.300 денари за студентите запишани со школарина)
- Потврда за уплата на 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплата на 300 денари за библиотечен фонд;
- Уплати за презапишување на неположените наставни предмети од зимскиот семестар од учебната 2021/2022, во висина од 410 денари за еден кредит;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.
Пред доставување на документите, зимскиот семестар потребно е да се запише и во Iknow системот, со што прво се запишува семестарот во табот „семестри“, а потоа во табот „предмети“ се избираат предметите кои ќе се запишат. Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 22.9.2022 година.