Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Средба со пензионираните колеги на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Објавено на: 29 септември 2022

На 28 и 29 септември 2022 година деканот на ФМУ – Скопје проф. м-р Живко Фирфов одржа средби по повод пензионирањето на проф. м-р Тодор Светиев, проф. м-р Татјана Огнаноска, проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Билјана Јакимовска, проф. Живојин Глишиќ и Цане Миленковски, домаќин. Во свое и во име на целиот колектив на ФМУ – Скопје, деканот на пензионираните колеги им изрази голема благодарност за придонесот во развојот на Факултетот за музичка уметност – Скопје.