Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ОД УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Објавено на: 27 септември 2023

 РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ,

ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ОД УЧЕБНАТА 2023/202ГОДИНА

 

Пријавување на кандидати во трет уписен рок – 28.9.2023 година

Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - 29.9.2023 година

         *распоредот за приемните испити ќе биде дополнително објавен

Запишување на примените кандидати и доставување на документација за упис – 29.9.2023

 

Пријавувањето на кандидатите се врши со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на веб страната www.upisi.ukim.mk и со доставување на следнава документација во одделението за студентски прашања:

  • пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
  • електронска пријава (испечатенаод iKnow-системот)
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матична книга на родените (оригинал)
  • доказ за државјанство на РСМ (оригинал)
  • изјава за национална припадност (по потреба)
  • потврда за уплатa:

- aдминистративна такса во износ од 50,00 денари

500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

*Студентите кои претходно биле пријавени во првиот или во вториот уписен рок, вршат уплата само за еден предмет за кој се врши проверка на знаењата и умеењата, во висина од 500 денари.

 Електронското пријавување ќе биде активно само на 28.9.2023 година.

 

Во прилог на ова известување може да погледнете:

- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година

- Број на слободни места за трет уписен рок

- Жиро сметка за уплата за приемни испити

- Жиро сметка за уплата на административна такса

Konkurs_I_ciklus_ 2023-24.pdf Број на слободни места за трет уписен рок.docx Жиро сметка за уплата на приемни испити.doc Жиро сметка за уплата на административна такса.docx