Објавено на: 17 јули 2024
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ОД УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА
Пријавување на кандидати во прв уписен рок – 29.8. и 30.8.2024 година
Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - од 2.9. до 5.9.2024 година
*распоредот за приемните испити е во прилог
Објавување прелиминарна ранг-листа - 6.9.2024 година
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) – 10.9.2024
Запишување на примените кандидати и доставување на документација за упис – 11.9. и 12.9.2024
Пријавувањето на кандидатите се врши со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на веб страната www.upisi.ukim.mk и со доставување на следнава документација во одделението за студентски прашања:
- пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
- електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
- оригинални свидетелства од сите класови и копии од свидетелствата
- документ за положена државна матура (оригинал и копија)
- извод од матична книга на родените (оригинал)
- доказ за државјанство на РСМ (оригинал)
- изјава за национална припадност (по потреба)
- потврда за уплатa:
- aдминистративна такса во износ од 50,00 денари
- 500 денари застудиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети
Електронското пријавување ќе биде активно од 16.7.2024 година.
Во прилог на ова известување може да погледнете:
- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година
- Испитни барања и програми за приемни испити
- Распоред на приемни испити во првиот уписен рок
- Упатство за електронско пријавување
- Известување за организирање на подготвителна настава
- Жиро сметка за уплата за приемни испити
- Жиро сметка за уплата на административна такса
Жиро сметка за уплата на административна такса.pdf Жиро сметка за уплата на приемни испити.pdf Известување за подготвителна настава.pdf Упатство за електронско пријавување.pdf Распоред на приeмни испити, прв уписен рок.pdf Упатство за приемни испити 2017-2018_28325_719.pdf Конкурс-I-циклус-2024-2025.pdf