Објавено на: 04 септември 2024
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за летниот семестар во академската 2024/2025 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+KА131на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции во програмските држави:
државите членки на ЕУ
државите членки на ЕФТА кои се и членки на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн)
Република Србија и Република Турција
Конкурсот е отворен за
30 студентски мобилностиза студирање
22 студентски мобилности за пракса/стажирање
Времетраење на мобилноста
за студенти од сите три циклуси: еден семестар (летен семестар)
за студенти од трет циклус е можна и кратка форма на мобилност од 5 до 30 дена
за студенти од сите три циклуси: минимум 2 месеци, максимум 4 месеци
за студенти од трет циклус е можна и кратка форма на мобилност од 5 до 30 дена
Согласно правилата на Еразмус+ програмата студентите можат да реализираат вкупна физичка мобилност (мобилност за студирање, мобилност за пракса или комбинирана мобилност) од максимум 12 месеци во текот на еден студиски циклус. Но, поради ограничениот број на мобилности на годишно ниво, а со цел поголем број на студенти да бидат вклучени во овие форми на мобилност, во процесот на селекцијата предност ќе имаат кандидатите кои претходно не користеле Еразмус+ стипендија.
Право на пријавување
Редовни студенти на прв циклус студии, со најмалку завршена прва година на студии, односно запишан трет семестар, студенти од втор и трет циклус студии
Потребни документи за мобилност на студенти
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот Меѓународна соработка- ERASMUS+или интернет-страната на факултетот:
пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
уверение за положени испити на македонски јазик;
уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
уверение за редовен студент - запишан семестар/година (на македонски јазик);
кратка биографија (Europass model).
мотивациско писмо
Кандидатите за студентска мобилност за студирање лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот/институтот каде што студираат, најдоцна до 4 октомври 2024.
Кандидатите за студентска мобилност за пракса/стажирањелично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторотна факултетот/институтот каде што студираат, најдоцна до 19 ноември 2024.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Селекција на кандидатите
Првичната селекција/рангирање на кандидатите ја прави факултетот/институтот согласно следниве критериуми:
- академски успех
- познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата
- мотивација за реализирање на Еразмус+ мобилност
Согласно Еразмус повелбата за високо образование 2021-2027, при селекцијата на кандидатите ќе се води сметка за вклучување на студентите со посебни потреби и помалку можности (Види Инклузија (поддршка) на студенти со посебни потреби и помалку можности)
Краен рок за поднесување на рангираните апликации - студентска мобилност за студирање од страна на факултетите до Ректоратот е 11 октомври 2024.
Краен рок за поднесување на рангираните апликации - студентска мобилност за пракса/стажирање од страна на факултетите до Ректоратот е 26 ноември 2024.
Висината на стипендијата/грант за студентите изнесува 606-674 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува, види: (Листа за студирање) (Листа за пракса).
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ