Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на пријавените кандидати за упис на втор циклус студии

Објавено на: 19 октомври 2016

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат кандидатите пријавени за упис на втор циклус студии на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во учебната 2016/2017 година, дека запишувањето ќе се врши на 20-ти и 21-ви октомври, 2016 година.

Потребни документи за запишување:

  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Две фотографии, со димензии 3,5*4,5;
  • Потврда за уплатена прва рата школарина – 36.900,00 денари (уплатниците може да ги видите во прилог на ова известување);
  • Потврда за уплатени 500,00 денари за студиска програма.

 

Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси, бидејќи истите ќе ги добијат од Факултетот!

Уплатници.docx