Објавено на: 19 октомври 2016
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат кандидатите пријавени за упис на втор циклус студии на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во учебната 2016/2017 година, дека запишувањето ќе се врши на 20-ти и 21-ви октомври, 2016 година.
Потребни документи за запишување:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Две фотографии, со димензии 3,5*4,5;
- Потврда за уплатена прва рата школарина – 36.900,00 денари (уплатниците може да ги видите во прилог на ова известување);
- Потврда за уплатени 500,00 денари за студиска програма.
Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси, бидејќи истите ќе ги добијат од Факултетот!
Уплатници.docx