Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Потребни документи за запишување на примените кандидати од првиот уписен рок, во учебната 2019/2020 година

Објавено на: 07 септември 2019

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2019/2020 година, ќе се врши на 11-ти септември, 2019 година.

 Потребни документи:

  • Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
  • Образец за запишување на зимски семестар;
  • Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Изјава за увид во студентско досие (ќе ја добиете во одделението за студентски прашања);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина: 6150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка

-       цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност

-       жиро сметка: 100000000063095

-       депонент: НБРМ

-       сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

-       приходна шифра 723012, програма 41.

 

Во прилог на ова соопштение може да ги погледните и жиро сметките за уплата на сите трошоци.

 

 

Уплатници за упис.docx ИКСА на УКИМ - ФМУ.docx