Објавено на: 07 септември 2019
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2019/2020 година, ќе се врши на 11-ти септември, 2019 година.
Потребни документи:
- Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
- Образец за запишување на зимски семестар;
- Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Изјава за увид во студентско досие (ќе ја добиете во одделението за студентски прашања);
- Потврда за уплатена прва рата школарина: 6150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка
- цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност
- жиро сметка: 100000000063095
- депонент: НБРМ
- сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012, програма 41.
Во прилог на ова соопштение може да ги погледните и жиро сметките за уплата на сите трошоци.
Уплатници за упис.docx ИКСА на УКИМ - ФМУ.docx