Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на зимски семестар во учебната 2019/2020 година за студентите од II - IV студиска година

Објавено на: 25 септември 2019

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА

 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

-    30.9. и 1.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА

-    2-ри и 3.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА

-    4.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ

 Потребни документи за запишување:

-             Индекс со сите оценки од положените испити;

-             Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;

-             Образец за запишување на семестар;

-             Образец ШВ.20 - Завод за статистика;

-             Потврда за уплатена прва рата школарина: 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота/12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;

-             Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;

-             Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;

-            Уплата за презапишување на не положени предмети од зимскиот семестар од учебната 2018/2019, во висина од 406,00 денари за еден кредит;

-            Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

 

 Во прилог на ова соопштение може да ги погледнете жиро сметките за уплата на сите уплатници, листата на факултетски  изборни предмети и листата на универзитетски изборни предмети понудени од Факултетот за музичка уметност - Скопје. 

Целосната листа на универзитетски изборни предмети е објавена на веб страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 

 

 

 

Жиро сметки за уплата на сите трошоци.docx IzborniPredmeti201920Fakultetska.pdf 312_Универзитетска листа на слободни изборни предмети за прв циклус-Muzicka-converted (1).pdf