Објавено на: 25 септември 2019
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 30.9. и 1.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА
- 2-ри и 3.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА
- 4.10.2019 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ
Потребни документи за запишување:
- Индекс со сите оценки од положените испити;
- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;
- Образец за запишување на семестар;
- Образец ШВ.20 - Завод за статистика;
- Потврда за уплатена прва рата школарина: 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота/12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- Уплата за презапишување на не положени предмети од зимскиот семестар од учебната 2018/2019, во висина од 406,00 денари за еден кредит;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.
Во прилог на ова соопштение може да ги погледнете жиро сметките за уплата на сите уплатници, листата на факултетски изборни предмети и листата на универзитетски изборни предмети понудени од Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Целосната листа на универзитетски изборни предмети е објавена на веб страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Жиро сметки за уплата на сите трошоци.docx IzborniPredmeti201920Fakultetska.pdf 312_Универзитетска листа на слободни изборни предмети за прв циклус-Muzicka-converted (1).pdf