Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ ЗА НАСТАВЕН КАДАР

Објавено на: 26 октомври 2020

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

 

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР

за академската 2020/2021 година

 

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ. Сите потребни документи за аплицирање можете да ги најдете и на интернет страната на УКИМ-Erasmus+ (www.ukim.edu.mk)

 

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

мобилност за обука (training) :

 

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторотна факултетот  најдоцна до 30 ноември 2020.

(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува наставникот и еден примерок со пропратно писмо од факилтетот се доставува до Ректоратот на УКИМ)

(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на апликациите од страна на факултетите до Ректоратот е  7 декември 2020.

                                   

                                                УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ