Објавено на: 26 октомври 2020
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР
за академската 2020/2021 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ. Сите потребни документи за аплицирање можете да ги најдете и на интернет страната на УКИМ-Erasmus+ (www.ukim.edu.mk)
Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)
Потребни документи за мобилност на наставен кадар:
мобилност за наставeн ангажман (teaching):
- (Staff Application Form) ;
- (Staff Mobility Agreement for Teaching) ;
- покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
- кратка биографија (Europass model).
мобилност за обука (training) :
- (Staff Application Form);
- (Staff Mobility Agreement for Training) ;
- покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
- кратка биографија (Europass model).
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторотна факултетот најдоцна до 30 ноември 2020.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува наставникот и еден примерок со пропратно писмо од факилтетот се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Краен рок за поднесување на апликациите од страна на факултетите до Ректоратот е 7 декември 2020.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ