Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Соопштение за запишување на примените кандидати, пријавени за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок,

Објавено на: 24 септември 2021

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ  ПРИЈАВЕНИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК,

ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени за упис на прв циклус студии, во вториот уписен рок во учебната 2021/2022 година, ќе се врши на 27-ми септември, 2021 година, со физичко доставување на документите.

Почитувајќи ги препораките на институциите, доставувањето на документите ќе се врши во холот на факултетот, а задолжително е потребно:

- носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење;

-  студентите да доаѓаат со целосно пополнети документи, бидејќи нема да биде дозволено пополнување на документите на факултетот.

 

Потребни документи:

  - извод од матична книга на родени (оригинал);

  - доказ за државјанство (оригинал);

  - испечатени изјави од Iknow системот;

  - индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);

  - три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);

  - пријавен лист (образец А1, кој претходно го доставувавте електронски);

  - образец за запишување на зимски семестар;

  - образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20;

  - потврда за уплатена прва рата школарина - 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота и 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;

  - потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;

  - потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;

  - потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;

  - потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј".

 

 

Жиро сметките за уплата на школарината и останатите трошоци, може да ги погледнете во прилог.

Жиро сметка за уплата на школарина.doc Жиро сметкa за уплата на амортизација, библиотечен фонд и студиска програма.doc ИКСА на УКИМ.jpg