Објавено на: 24 септември 2021
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ПРИЈАВЕНИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК,
ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени за упис на прв циклус студии, во вториот уписен рок во учебната 2021/2022 година, ќе се врши на 27-ми септември, 2021 година, со физичко доставување на документите.
Почитувајќи ги препораките на институциите, доставувањето на документите ќе се врши во холот на факултетот, а задолжително е потребно:
- носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење;
- студентите да доаѓаат со целосно пополнети документи, бидејќи нема да биде дозволено пополнување на документите на факултетот.
Потребни документи:
- извод од матична книга на родени (оригинал);
- доказ за државјанство (оригинал);
- испечатени изјави од Iknow системот;
- индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
- три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- пријавен лист (образец А1, кој претходно го доставувавте електронски);
- образец за запишување на зимски семестар;
- образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20;
- потврда за уплатена прва рата школарина - 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота и 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
- потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј".
Жиро сметките за уплата на школарината и останатите трошоци, може да ги погледнете во прилог.
Жиро сметка за уплата на школарина.doc Жиро сметкa за уплата на амортизација, библиотечен фонд и студиска програма.doc ИКСА на УКИМ.jpg