Објавено на: 29 септември 2021
Четвртата автомузиколошка книга од циклусот за музичкото творештво на Димитрије Бужаровски во која се обработени неговите три ораториуми и две кантати, е објавена во електронско издание и поставена за слободно преземање на страницата на архивот БузАр http://buzar.mk
Воедно како и за претходната трета книга од овој циклус, е изработено промотивно видео поставено на јутјуб каналот на БузАр илустрирано со содржината на книгата и аудио и видео примери од овие ораториуми и кантати.