Објавено на: 26 декември 2021
Петтата автомузиколошка книга од циклусот за музичкото творештво на Димитрије Бужаровски во која се обработени неговите дела за пијано и две пијана, е објавена во електронско издание и поставена за слободно преземање на страницата на архивот БузАр http://buzar.mk
И во оваа книга поединечно се разгледувани делата, најнапред нивната врска со опкружувањето, по што следува анализата. Во анализите е задржан системот изграден во претходните книги од овој циклус, а на крајот повторно се издвоени содржинските материјали, освен за циклусот од 13 ноктурна, во кои се користени познати народни песни. Делата за пијано и две пијана разработени во книгата може да се проследат на посебна плејлиста.
Воедно, како и за претходните книги од овој циклус, е изработено промотивно видео поставено на јутјуб каналот на БузАр илустрирано со содржината на книгата и аудио и видео примери од делата за пијано на Димитрије Бужаровски.