Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Објавена петтата книга за делата за пијано од проф. д-р Димитрије Бужаровски

Објавено на: 26 декември 2021

Петтата автомузиколошка книга од циклусот за музичкото творештво на Димитрије Бужаровски во која се обработени неговите дела за пијано и две пијана, е објавена во електронско издание и поставена за слободно преземање на страницата на архивот БузАр http://buzar.mk

Димитрије Бужаровски
Дела за пијано и две пијана
Сонатина оп. 1, Соната оп. 2, Соната оп. 17, Соната оп. 25, All That Dance оп. 39, 9 Вечеринки оп. 49, 4 Вечеринки оп. 52

(40.3 mb)

 

И во оваа книга поединечно се разгледувани делата, најнапред нивната врска со опкружувањето, по што следува анализата. Во анализите е задржан системот изграден во претходните книги од овој циклус, а на крајот повторно се издвоени содржинските материјали, освен за циклусот од 13 ноктурна, во кои се користени познати народни песни. Делата за пијано и две пијана разработени во книгата може да се проследат на посебна плејлиста.

Воедно, како и за претходните книги од овој циклус, е изработено промотивно видео поставено на јутјуб каналот на БузАр илустрирано со содржината на книгата и аудио и видео примери од делата за пијано на Димитрије Бужаровски.