Објавено на: 12 јануари 2023
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ,
ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ОД УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
Рокови за пријавување и запишување на втор циклус студии, во ВТОРИОТ уписен рок од учебната 2022/2023 година:
- Пријавување на кандидати: од 7.2. до 17.2.2023
*пријавувањето се врши електронски и со физичко доставување на потребните документи
- Запишување на примените кандидати: 21.2 до 23.2.2023 година.
Пред доставување на документите, сите кандидати потребно е да се регистрираат во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава веб страна: www.upisi.ukim.mk
Потребни документи:
- пријавен лист за запишување на втор циклус студии (се купува во книжарници);
- електронска пријава испечатена од системот за електронско пријавување;
- оригинален документ за завршен прв циклус студии - диплома или уверение (странските државјани, задолжително доставуваат и Решение за признавање на високообразовна квалификација стекната во странство, издадена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- потврда за уплати на:
- административната такса во износ од 50 денари (жиро сметка во прилог)
- 3085 денари за пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје (жиро сметка во прилог).
По проверката на доставената документација, кандидатите ќе бидат известени дали нивната пријава е прифатенаи ќе добијат известување за потребната документација за запишување.
Во прилог:
- Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година;
- Жиро сметки за уплати.
Konkurs_II_ciklus_2022-23 (1).pdf Пример за уплата.docx