Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Рокови за пријавување и запишување на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок од учебната 2022/2023 година

Објавено на: 12 јануари 2023

 

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ,

ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ОД УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

 

Рокови за пријавување и запишување на втор циклус студии, во ВТОРИОТ уписен рок од учебната 2022/2023 година:

  •  Пријавување на кандидати: од 7.2. до 17.2.2023

            *пријавувањето се врши електронски и со физичко доставување на потребните документи

  •  Запишување на примените кандидати: 21.2 до 23.2.2023 година.

Пред доставување на документите, сите кандидати потребно е да се регистрираат во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава веб страна: www.upisi.ukim.mk

 

Потребни документи:

  • пријавен лист за запишување на втор циклус студии (се купува во книжарници);
  • електронска пријава испечатена од системот за електронско пријавување;
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии - диплома или уверение (странските државјани, задолжително доставуваат и Решение за признавање на високообразовна квалификација стекната во странство, издадена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплати на:

- административната такса во износ од 50 денари (жиро сметка во прилог)

- 3085 денари за пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје (жиро сметка во прилог).

По проверката на доставената документација, кандидатите ќе бидат известени дали нивната пријава е прифатенаи ќе добијат известување за потребната документација за запишување.

Во прилог:

  • Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година;
  • Жиро сметки за уплати.

 

Konkurs_II_ciklus_2022-23 (1).pdf Пример за уплата.docx