Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на зимски семестар за студентите од II, III и IV студиска година

Објавено на: 21 септември 2023

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА

 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

-          25.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА

-          26.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА

-          27.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА

-          28.9. – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2019 ГОДИНА.

 

Потребни документи за запишување:

-                    Индекс (целосно пополнет со сите предмети кои ќе се запишат во зимскиот семестар);

-                    Образец за запишување на семестар;

-                    Образец ШВ.20 за потребите на Завод за статистика;

-                    Потврда за уплата на прва рата школарина (6.150 денари за студентите запишани во државна квота и 12.300 денари за студентите запишани со школарина)

-                    Потврда за уплата на 1500 денари за амортизација;

-                    Потврда за уплата на 300 денари за библиотечен фонд;

-        Уплати за презапишување на неположените наставни предмети од зимскиот семестар од учебната 2022/2023, во висина од 410 денари за еден кредит;

-                    Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

 

Пред доставување на документите, зимскиот семестар потребно е да се запише и во Iknow системот, со што прво се запишува семестарот во табот „семестри“, а потоа во табот „предмети“ се избираат предметите кои ќе се запишат. 

Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 27.9.2023 година. 

Жиро сметките за уплата се во прилог.