Објавено на: 21 септември 2023
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 25.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА
- 26.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА
- 27.9. - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА
- 28.9. – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2019 ГОДИНА.
Потребни документи за запишување:
- Индекс (целосно пополнет со сите предмети кои ќе се запишат во зимскиот семестар);
- Образец за запишување на семестар;
- Образец ШВ.20 за потребите на Завод за статистика;
- Потврда за уплата на прва рата школарина (6.150 денари за студентите запишани во државна квота и 12.300 денари за студентите запишани со школарина)
- Потврда за уплата на 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплата на 300 денари за библиотечен фонд;
- Уплати за презапишување на неположените наставни предмети од зимскиот семестар од учебната 2022/2023, во висина од 410 денари за еден кредит;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.
Пред доставување на документите, зимскиот семестар потребно е да се запише и во Iknow системот, со што прво се запишува семестарот во табот „семестри“, а потоа во табот „предмети“ се избираат предметите кои ќе се запишат.
Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 27.9.2023 година.
Жиро сметките за уплата се во прилог.