Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Пријавување за упис на втор циклус студии, во вториот уписен рок од учебната 2023/2024 година

Објавено на: 26 јануари 2024

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА

ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ,

ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ОД УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

  

Рокови за пријавување и запишување на втор циклус студии, во вториот уписен рок од учебната 2023/2024 година:

 

 Пријавување на кандидати: од 5-ти до 16-ти февруари 2024 година

 Запишување на примените кандидати: 20-ти и 21-ви февруари 2024 година

 

Пред доставување на документите, сите кандидати потребно е да се регистрираат во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава веб страна: www.upisi.ukim.mk

Потребни документи:

  • пријавен лист за запишување на втор циклус студии (се купува во книжарници);
  • електронска пријава испечатена од системот за електронско пријавување;
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии - диплома или уверение (странските државјани, задолжително доставуваат и Решение за признавање на високообразовна квалификација стекната во странство, издадена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • првична согласност од потенцијален ментор (во прилог);
  • кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, потребно е да достават и програма во која ќе бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло - пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од  Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;
  • потврда за уплати на:

- административната такса во износ од 50 денари (жиро сметка во прилог)

- 3085 денари за пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје (жиро сметка во прилог).

 

По проверката на доставената документација, кандидатите ќе бидат известени по меил дали нивната пријава е прифатена и ќе добијат известување за потребната документација за запишување.

 

!!! Факултетот за музичка уметност - Скопје, почнувајќи од учебната 2023/2024 година, започнува со работа на следниве новоакредитирани студиски програми за втор циклус студии:

* Студиска програма за музичка интерпретација

* Студиска програма за музичка интерпретација – џез и популарна музика

* Студиска програма за музички науки и музичка теорија

* Студиска програма за композиција и диригирање

* Студиска програма за применета музика

* Студиска програма за балетска педагогија

  

Во прилог:

  • Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година;
  • Жиро сметки за уплати;
  • Првична согласност од ментор.

 

Konkurs_II_ciklus_ 2023-24.pdf Пример за уплата.docx Пример за уплата на административна такса.png Изјава за предлог на ментор!.doc