Објавено на: 26 јануари 2024
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА
ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ,
ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ОД УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА
Рокови за пријавување и запишување на втор циклус студии, во вториот уписен рок од учебната 2023/2024 година:
Пријавување на кандидати: од 5-ти до 16-ти февруари 2024 година
Запишување на примените кандидати: 20-ти и 21-ви февруари 2024 година
Пред доставување на документите, сите кандидати потребно е да се регистрираат во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава веб страна: www.upisi.ukim.mk
Потребни документи:
- пријавен лист за запишување на втор циклус студии (се купува во книжарници);
- електронска пријава испечатена од системот за електронско пријавување;
- оригинален документ за завршен прв циклус студии - диплома или уверение (странските државјани, задолжително доставуваат и Решение за признавање на високообразовна квалификација стекната во странство, издадена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- првична согласност од потенцијален ментор (во прилог);
- кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, потребно е да достават и програма во која ќе бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло - пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;
- потврда за уплати на:
- административната такса во износ од 50 денари (жиро сметка во прилог)
- 3085 денари за пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје (жиро сметка во прилог).
По проверката на доставената документација, кандидатите ќе бидат известени по меил дали нивната пријава е прифатена и ќе добијат известување за потребната документација за запишување.
!!! Факултетот за музичка уметност - Скопје, почнувајќи од учебната 2023/2024 година, започнува со работа на следниве новоакредитирани студиски програми за втор циклус студии:
* Студиска програма за музичка интерпретација
* Студиска програма за музичка интерпретација – џез и популарна музика
* Студиска програма за музички науки и музичка теорија
* Студиска програма за композиција и диригирање
* Студиска програма за применета музика
* Студиска програма за балетска педагогија
Во прилог:
- Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година;
- Жиро сметки за уплати;
- Првична согласност од ментор.
Konkurs_II_ciklus_ 2023-24.pdf Пример за уплата.docx Пример за уплата на административна такса.png Изјава за предлог на ментор!.doc