Објавено на: 08 февруари 2024
С О О П Ш Т Е Н И Е
за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2023/2024
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 12.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I ГОДИНА
- 13.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД II ГОДИНА
- 14.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III ГОДИНА
- 15.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД IV ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2020 ГОДИНА.
Потребни документи:
- Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија и запишани предмети за летен семестар. Студентите од I година, во индексот да имаат печат за извршен систематски преглед);
- Образец за заверка на семестар (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот, зимски семестар);
- Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
- Потврда за уплатена II рата школарина;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2022/2023, во висина од 410 денари за еден кредит.
- Студентите - странски државјани, уплатата за школарина и за презапишување на неположени предмети, ја вршат на жиро сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Цената на еден кредит за студентите - странски државјани изнесува 1332 денари, за еден кредит.
Дополнителни информации:
Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.
Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 14.2.2024 година.
Студентите кои немаат обврска да запишат предмети во летниот семестар, потребно е да запишат ПРАЗЕН летен семестар, согласно член 11 од Правилата за студирање на прв и втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје.
Уплатници ФМУ..docx