Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Соопштение за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2023/2024 година

Објавено на: 08 февруари 2024

С О О П Ш Т Е Н И Е

за заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар од учебната 2023/2024

 

                СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

  •  12.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I ГОДИНА
  •  13.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД II ГОДИНА
  • 14.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III  ГОДИНА
  • 15.2.2024 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД IV  ГОДИНА И СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ПРЕД 2020 ГОДИНА.

 

Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија и запишани предмети за летен семестар. Студентите од I година, во индексот да имаат печат за извршен систематски преглед);
  • Образец за заверка на семестар (во образецот се запишуваат сите предмети од претходниот, зимски семестар);
  • Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
  • Потврда за уплатена II рата школарина;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2022/2023, во висина од 410 денари за еден кредит.
  • Студентите - странски државјани, уплатата за школарина и за презапишување на неположени предмети, ја вршат на жиро сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Цената на еден кредит за студентите - странски државјани изнесува 1332 денари, за еден кредит.

 

Дополнителни информации:

Студентите имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 14.2.2024 година.

 

Студентите кои немаат обврска да запишат предмети во летниот семестар, потребно е да запишат ПРАЗЕН летен семестар, согласно член 11 од Правилата за студирање на прв и втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

  

 

Уплатници ФМУ..docx