Објавено на: 10 септември 2024
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2024/2025 година, ќе се врши на 11-ти и 12-ти септември, 2024 година, во одделението за студентски прашања.
Потребни документи:
- Индекс и студентска легитимација;
- Три фотографии;
- Образец ШВ.20 за потребите на Завод за статистика (се купува во книжарници);
- Потврда за уплатена прва рата школарина - 6150 денари (100 евра) за студентите запишани во државна квота/ 12.300 денари (200 евра) за студентите запишани со кофинансирање на студиите
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација(жиро сметка во прилог);
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма (жиро сметка во прилог);
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд (жиро сметка во прилог);
- Потврда за уплатени 100 денари за запишување и заверување на семестар;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"
Уплатите под редните броеви 8 и 9 се уплаќаат на следнава жиро сметка:
жиро сметка: 100000000063095
депонент: НБРМ
сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
приходна шифра 723012, програма 41.
Жиро сметките за сите останати уплати се прикачени во прилог.