Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Соопштение за запишување на примените кандидати, пријавени за упис на прв циклус студии на Факултетот, во првиот уписен рок од учебната 2024/2025 година

Објавено на: 10 септември 2024

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2024/2025 година, ќе се врши на 11-ти и 12-ти септември, 2024 година, во одделението за студентски прашања.

Потребни документи:

  1. Индекс и студентска легитимација;
  2. Три фотографии;
  3. Образец ШВ.20 за потребите на Завод за статистика (се купува во книжарници);
  4. Потврда за уплатена прва рата школарина - 6150 денари (100 евра) за студентите запишани во државна квота/ 12.300 денари (200 евра) за студентите запишани со кофинансирање на студиите
  5. Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација(жиро сметка во прилог);
  6. Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма (жиро сметка во прилог);
  7. Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд (жиро сметка во прилог); 
  8. Потврда за уплатени 100 денари за запишување и заверување на семестар;
  9. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"

 Уплатите под редните броеви 8 и 9 се уплаќаат на следнава жиро сметка:

     жиро сметка: 100000000063095

     депонент: НБРМ

     сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

     приходна шифра 723012, програма 41.

 

 Жиро сметките за сите останати уплати се прикачени во прилог.