Објавено на: 26 септември 2024
Рокови за пријавување на кандидати за упис на
прв циклус студии
на Факултетот за музичка уметност - Скопје,
во третиот уписен рок од учебната 2024/2025година
Пријавување на кандидати во трет уписен рок – 27.9.2024 година
Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - 27.9. и 30.9.2024 година
*распоредот за приемните испити е објавен во прилог
Запишување на примените кандидати и доставување на документација за упис – 30.9.2024
Пријавувањето на кандидатите се врши со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на веб страната www.upisi.ukim.mk и со доставување на следнава документација во одделението за студентски прашања:
- пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
- електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
- оригинални свидетелства од сите класови
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- извод од матична книга на родените (оригинал)
- доказ за државјанство на РСМ (оригинал)
- изјава за национална припадност (по потреба)
- потврда за уплатa:
- aдминистративна такса во износ од 50,00 денари
- 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети
*Студентите кои претходно биле пријавени во првиот или во вториот уписен рок, вршат уплата само за еден предмет за кој се врши проверка на знаењата и умеењата, во висина од 500 денари.
Во прилог на ова известување може да погледнете:
- Распоред на приемни испити
Распоред на приемни испити,трет уписен рок.docx