Објавено на: 02 април 2015
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ДОБИВАЊЕ ВРЕДНОСНИ БОНОВИ - ВАУЧЕРИ ЗА НАБАВУВАЊЕ НА ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ СО НАДВОРЕШНА ТАСТАТУРА
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ ДЕКА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНА СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ПРЕДВИДЕНИ СО ПРОЕКТОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ВРЕДНОСНИ БОНОВИ - ВАУЧЕРИ ЗА НАБАВУВАЊЕ НА ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ СО НАДВОРЕШНА ТАСТАТУРА.
ЦЕЛНА ГРУПА ЗА КОЈА Е НАМЕНЕТ ПРОЕКТОТ СЕ СЛЕДНИВЕ КАТЕГОРИИ СТУДЕНТИ:
- РЕДОВНИТЕ СТУДЕНТИ НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОИ СЕ ОД СЕМЕЈСТВА ВО КОИ ВКУПНИТЕ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ НЕ ГО НАДМИНУВААТ ИЗНОСОТ ОД 32.741 ДЕНАРИ БРУТО ПРИХОД И КОИ ДО 15.НОЕМВРИ 2014 ЗА ПРВ ПАТ СЕ ЗАПИШАЛЕ ВО ТРЕТА ИЛИ ЧЕТВРТА ГОДИНА НА СТУДИИ;
- СТУДЕНТИТЕ ОД СИТЕ СТУДИСКИ ГОДИНИ ЕВИДЕНТИРАНИ КАКО ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ, КОИ СЕ ОД СЕМЕЈСТВА ВО КОИ ВКУПНИТЕ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ НЕ ГО НАДМИНУВААТ ИЗНОСОТ ОД 32.741 ДЕНАРИ БРУТО ПРИХОД.
Заинтересираните студенти до одделението за студентски прашања, потребно е да достават:
- барање за доделување на вредносен бон - ваучер (во прилог);
- фотокопија на уверение за државјанство;
- доказ дека се од семејство со вкупни месечни примања кои не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход (Уверение издадено од УЈП, за остварени приходи по разни основи за 2014 година), за двајцата родители или старатели на студентот поединечно, како и за самиот студент;
- студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби, потребно е да достават доказ дека се лица со посебни потреби (каде јасно се гледа дека лицето е со посебни потреби).
*Напомена:
- Студентите кои живеат со еден родител или без родители, дополнително доставуваат и акт за престанок на бракот или извод од матична книга на умрени.
- Студентите кои се во брак, дополнително доставуваат и извод од матична книга на венчани.
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ НАЈДОЦНА ДО 28 АПРИЛ 2015.
Baranje za steknuvanje so vrednosen bon vaucher.pdf