Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Пријавување за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во третиот уписен рок, во учебната 2015/2016

Објавено на: 15 септември 2015

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК

ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 16-ти СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА;

РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА  21-ви СЕПТЕМРИ 2015 ГОДИНА; 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 22-ри СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА.

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • испечатена електронска пријава од IKnow системот;
  • оригинални свидетелства од сите класови;
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања).

 Во прилог, може да го погледнете бројот на слободни места за упис во третиот уписен рок. 

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите да направат преписи од документите за свои потреби.

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА:  www.upisi.ukim.mk

Број на сл. места трет уписен рок.docx