Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 17 септември 2015

С О О П Ш Т Е Н И Е

 за запишување студенти на трет циклус - докторски студии на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во учебната 2015/2016 година

 

Рокови за пријавување и запишување на кандидатите

Пријавување на кандидатите од 14 до 30.9.2015

Проверка на компетенции од 1 до 5.10.2015

Објавување прелиминарни листи 6.10.2015

Одлучување по приговори 8.10.2015

Објавување конечни листи 13.10.2015

Запишување на кандидатите 15.10.2015

 

Документи за пријавување

• пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;

• писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и првична согласност на ментор од листата на ментори;

• кратка биографија;

• докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување, и тоа:

- уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии;

- уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;

- диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии - диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии - сертификат/уверение за познавање на светски јазик (согласно глава III, точка 1, алинеја 5 од Конкурсот);

- кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.Македонија.

 

Документацијата се доставува во фотокопија, заверена на нотар.

Пријавите на кандидатите со некомплетни документи нема да бидат разгледувани.

Документите се доставуваат во: Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, адреса: бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје.

 

 Дополнителни критериуми за кандидатите,за запишување на студиската програма за музичка интерпретација и композиција:

 Музичка интерпретација и композиција

Позитивна оцена од проверката на компетенциите која се состои од:

а) за инструменти (гудачки, пијано, дувачки и други):

- изведба на рецитал со слободна програма со времетраење од најмалку 60 минути. Програмата се изведува напамет, освен кај

дувачките инструменти.

б) за соло (вокално) пеење:

- изведба на рецитал со слободна програма со времетраење од најмалку 60 минути. Програмата се изведува напамет.

в) за оркестарско диригирање:

- портфолио за остварени настапи како диригент со концерти со симфониски оркестар на најмалку 2 (два) целовечерни концерти

со симфониски оркестар кои вклучуваат и солисти со времетраење од најмалку 60 минути и еден концерт со вокално- инструментална

композиција со времетраење од најмалку 40 минути.

г) за хорско диригирање

- портфолио за остварени настапи како диригент на концерти со хорска музика и тоа: најмалку 2 (два) концерти со различна „А

капела“ програма со времетраење од најмалку 80 минути и еден концерт со вокално-инструментална музика со времетраење од

најмалку 40 минути.

д) за композиција

- портфолио на композии со вкупно времетраење од 60 минути, од кои најмалку две композиции за симфониски оркестар. Дел

од композициите треба да се јавно изведени. Со пријавените кандидати ќе се изврши интервју.

 

Селекција на кандидатите

По завршувањето на конкурсот, советот на студиската програма објавува прелиминарна ранг-листа на примени кандидати на докторските студии, за секоја студиска програма, односно потпрограма одделно.

За кандидатите кои не ги исполнуваат условите за запишување на докторски студии, советот на студиската програма објавува посебна листа.

Листите се објавуваат на интернет-страницата на Школата за докторски студии: http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=159&glavno=8

Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа. Приговорот се поднесува во Школата за докторски студии, во писмена форма до советот на студиската програма. Советот на студиската програма донесува конечна одлуката во рок од 36 часа. По завршувањето на постапката по приговорите, советот на студиската програма, во рок од 5 дена ја утврдува конечната ранг-листа на примени кандидати и ја доставува до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии за потврдување.

Потврдената ранг-листа на примени кандидати е конечна и се објавува на интернет-страницата на Школата за докторски студии.

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=159&glavno=8 V.

 

Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2015/2016 година, во целост може да го погледнете на следниов линк: http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/555_Konkurs%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%201%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB%20_10.7.2015_.pdf

Дополнувањето на конкурсот, кое е објавено на 16.9.2015 година и листата на ментори за трет циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, може да ги погледнете во прилог.  

 

 

Дополнување на Конкурс за трет циклус студии.pdf Листа на ментори за трет циклус студии.doc