Објавено на: 20 декември 2015
На 22.12.2015 (вторник) со почеток во 20:00 часот, во концертната сала на ФМУ-Скопје ќе се одржи концерт на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ-Скопје“ на кој како солист на виолина и диригент ќе настапи реномираниот виолинист од Австрија Гернот Винишхофер (Gernot Winischhofer). Тој веќе неколку дена работи со студентите на Факултетот за музичка уметност-Скопје со кои ја подготвуваат програмата за концертот, која што се состои од дела од Моцарт, Хајдн, Шуберт, Хубер, Шмит, Сарасате, Фирст, Брамс и Крајслер.