Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок 2015/2016

Објавено на: 13 јануари 2016

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016

 

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека пријавувањето за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, ќе се врши од 11 до 22 јануари 2016 година.

Реализацијата на вториот уписен рок ќе се врши согласно член 14 од Правилникот за формата и начинот на водењето и содржината на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти („Службен весник на РМ“ бр. 67/11, 3/12, 46/12), според кој во вториот уписен рок може да се запишуваат само: 

  • студентите кои истовремено студираат повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви,
  • студентите кои побрзо напредуваат во студиите,
  • студентите кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која биле запишани престане да работи,
  • студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и при тоа ги користат погодностите на кредит системот,
  • студентите кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа,
  • странските студенти,
  • како и студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат.

Како оправдани причини поради кои одредени студенти не успеале да се запишат во првиот уписен рок се сметаат:

  • болест, за што студентот доставува лекарска белешка;
  • смрт на потесен член од семејството, за што студентот доставува извод од матичната книга на умрените,
  • незавршена постапка за нострификација на сведителства и дипломи стекнати во странство.

Запишувањето на студентите од ставот 4 на овој член се врши по претходно добиена писмена согласност од страна на министерството надлежно за работите на високото образование.

 

Потребни документи за пријавување:

  • образложено писмено барање од кандидатот за запишување во вториот уписен рок, со административна такса од 50 денари;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • кратка биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

 

Напомена:

!          Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

 

Сите заинтересирани кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk

 

 

 

178_KONKURS-vtor-ciklus-2015-2016.pdf