Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

УПИСИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, УЧЕБНА 2016-2017

Објавено на: 07 јули 2016

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017

  

  • ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 18 И 19 АВГУСТ 2016 ГОДИНА
  •  ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 22 ДО 24 АВГУСТ 2016
  •  РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 26 АВГУСТ 2016 ГОДИНА
  •  ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 29 И 30 АВГУСТ 2016 ГОДИНА

 

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса од 50 денари (образец А1);
  • испечатена електронска пријава од IKnow системот;
  • оригинални свидетелства од сите класови;
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања)

-      500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,

-      1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

 Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА:  www.upisi.ukim.mk

 

Во продолжение на ова известување, дополнително се прикачени и следниве информации:

- Распоред за полагање на приемни испити

- Конкурс за запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2016/2017 година

- Упатство за утврдување на предметите и на испитните програми за приемни испити на Факултетот за музичка уметност - Скопје

- Жиро сметка на Факултетот за музичка уметност - Скопје, за уплата на приемни испити

- Дополнителни информации за приемните испити за студиските програми по популарни жанрови

Приемни испити 2016-2017 прв рок.pdf Конкурс 2016-2017.pdf Упатство за полагање на приемни испити.pdf Жиро сметка за уплата.jpg 2016-2017 Дополнителни информации за приемните испити-популарни жанрови.pdf Гитара-популарни жанрови.rar Удирачки инструменти-популарни жанрови.rar