Објавено на: 19 септември 2016
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во третиот уписен рок во учебната 2016/2017 година, ќе се врши на 20-ти септември, 2016 година.
Потребни документи:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
Потврда за уплатена прва рата школарина
- 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота;
- 12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка
- цел на дознака: ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност
- жиро сметка: 100000000063095
- депонент: НБРМ
- сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012, програма 41.
Останатите жиро – сметки (освен погоре наведената од 750 денари) може да ги видите во прилог на ова соопштение.
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА:
- Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси и студентски легитимации, бидејќи истите ќе ги добијат на Факултетот!