Објавено на: 09 јануари 2017
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 9-ти ДО 20-ти ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА.
Потребни документи за пријавување:
- пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
- диплома за завршен прв циклус студии;
- кратка биографија;
- потврда за активно познавање странски јазик;
- изјава за предлог на ментор (во прилог);
- препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност.
Напомени:
! Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;
! Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија и превод на македонски јазик од издадената Диплома.
Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk
Целиот Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и бројот на слободни места за запишување може да ги погледнете во прилог.
Конкурс - втор циклус студии.pdf 178_Slobodni_mesta_vtor_ciklus_II_upisen_rok_2016-2017.doc Изјава за предлог на ментор.doc