Објавено на: 16 јануари 2017
Информација за јавноста
На 14.1.2017 година, ненадејно почина Маестро Саша Николовски Ѓумар, редовен професор на Факултет за музичка уметност – Скопје.
Проф. м-р Саша Николовски Ѓумар ќе завземе значајно место во македонската музичка историја, а Македонија и македонската музичка сцена изгубија голем уметник, музичар и човек.
Комеморацијата во негова чест ќе се одржи на 18.1.2017 година (среда), во салонот на Македонската опера и балет, со почеток од 11:00 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени од 13:00 часот во капелата на градските гробишта Бутел, а погребот ќе се изврши во 14:00 часот.