Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

УПИСИ ВО I ГОДИНА, 2017/2018

Објавено на: 10 јули 2017

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018

  

  • ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 17-ти И 18-ти АВГУСТ 2017 ГОДИНА
  • ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 19-ти ДО 23-ти АВГУСТ 2017
  • РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 25-ти АВГУСТ 2017 ГОДИНА
  • ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 29-ти И 30-ти АВГУСТ 2017 ГОДИНА 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса од 50 денари (образец А1, се купува во книжарници);
  • испечатени електронски пријави од IKnow системот (интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист);
  • оригинални свидетелства и копии од сите класови;
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование и копија);
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања)

-       500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,

-       1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КАНДИДАТИТЕ КОИ КОНКУРИРААТ СОГЛАСНО ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ПРОВЕРКА НА ОСНОВНИТЕ КРИТЕРИУМИ И ЗАПИШУВАЊЕ ВО КВОТИ НА СТУДЕНТИТЕ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ

 

ЗА МАТЕРИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ:

- Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2017 или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата, издадена од УЈП за сите членови на семејството и лична изјава за бројот на членови во семејството;

- За корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи;

- За пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија;

- Пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход.

 

ЗА ПОСЕБНИТЕ КРИТЕРИУМИ:

- За родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд;

За починат родител – извод од матичната книга на умрените.

 

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши и со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА:  www.upisi.ukim.mk (страната ќе биде активна од 12.7.2017)

 

Во прилог на ова известување може да го погледнете целиот Конкурс со бројот на слободни места по студиски програми, за запишување на студенти на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2017/2018 година, Упатството за приемните испити (Упатство за утврдување на предметите и на испитните програми за проверка на знаењата и умеењата за запишување на прв циклус на студиските програми на Факултетот за музичка уметност – Скопје и за начинот на бодување на знаењата и умеењата и начинот на пресметката на поените) и Распоредот на приемните испити, за првиот уписен рок во учебната 2017/2018 година.

Konkurs_I_ciklus_2017-2018.pdf Упатство за користење на Iknow системот за пријавување.docx Приемни испити 2017-2018 прв рок.pdf Упатство за приемни испити 2017-2018.pdf