Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии, во вториот уписен рок, во учебната 2017/2018 година

Објавено на: 01 септември 2017

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018

 

  • ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 4-ти СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА
  • ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 5-ти ДО 7-ми СЕПТЕМВРИ 2017, А ТОЧНИОТ РАСПОРЕД ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА 4-ти СЕПТЕМВРИ, ПО ДОБИВАЊЕТО НА КОНЕЧНАТА БРОЈКА НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ
  • РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ (КОНЕЧНАТА РАНГ – ЛИСТА) ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 13-ти СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА
  • ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 14-ти СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса од 50 денари (образец А1, се купува во книжарници);
  • испечатени електронски пријави од IKnow системот (интерен и универзитетски пријавен лист);
  • оригинални свидетелства и копии од сите класови;
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование и копија);
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања)

-      500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,

-      1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

 

Забелешки:

Кандидатите кои биле пријавени во првиот уписен рок, за полагање на приемните испити уплаќаат само 500 денари.

Бидејќи пријавувањето се врши и со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА: www.upisi.ukim.mk

 

Во прилог на ова известување може да го погледнете бројот на слободни места по студиски програми за вториот уписен рок и  Упатството за полагање на приемните испити (Упатство за утврдување на предметите и на испитните програми за проверка на знаењата и умеењата за запишување на прв циклус на студиските програми на Факултетот за музичка уметност – Скопје и за начинот на бодување на знаењата и умеењата и начинот на пресметката на поените).

Број на слободни места за втор уписен рок.docx Упатство за приемни испити 2017-2018_28325_719.pdf Упатство за користење на Iknow системот за пријавување_28325_062.docx

Огласна табла

Оперски гала концерт „Млади оперски надежи-Коста Трпков“! Студенти по соло пеење настапуваат како солисти со оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентско водство на Дијана Илкоска. Понеделник, 12.6.2017, со почеток во 20:00 часот, во салонот на МОБ!

10/06/2017

<< Затвори