Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

СВЕЧЕН КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСНОВАЊЕТО НА ФМУ - СКОПЈЕ

Објавено на: 01 декември 2017

На 6.12.2017 (среда), со почеток во 20:00 часот во салата на Македонската Филхармонија, ќе се одржи Свечен концерт по повод денот на основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје. На концертот ќе настапат Симфонискиот оркестар на ФМУ и Мешаниот хор „Драган Шуплевски“ под диригентската палка на Маестро Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Џ. Верди, Ф. Шуберт и А. Бородин. Влез слободен!