Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017/2018 ГОДИНА

Објавено на: 19 декември 2017

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017/2018, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 25.12.2017 - 28.12.2017 (од 10 – 14 часот).

Потребни документи:

  • Индекс;
  • Уредно и целосно пополнети пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
  • Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат од одделението за студентски прашања).

 За студентите кои нема да ги пријават испитите во предвидениот рок, ќе се наплаќа казна за ненавремено пријавување на испити. 

НАПОМЕНА: Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW и задолжително да ги внесат кодовите од електронски уплатените таксени марки и во пријавите и во IKNOW системот.

 

Во прилог на ова известување, може да ги погледнете и упатството за пријавување на испитите во Iknow системот и упатството за електронска наплата на административни таксени марки. 

УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ_23320_608.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ТАКСЕНИ МАРКИ_23320_890.docx