Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

ВОНР. ПРОФ. Д-Р ИСКРА ШУКАРОВА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДВА НАСТАНИ ОД ОБЛАСТА НА СОВРЕМЕНИОТ ТАНЦ

Објавено на: 03 април 2018

Во организацијана вонр. проф. д-р Искра Шукарова, професор на катедрата за балетска педагогија - современ танц на ФМУ-Скопје, УКИМ, и во соработка со кореографи од Словенија и САД, се одржа и ќе се одржат, два настани што  ќе ја збогатат содржината на случувањата поврзани со современиот танц во Македонија. Еден од настаните се одржа на 31.3.2018 година, во фоајето на МОБ, каде беше претставена работата на Нелсон Валмор (Словенија), додека на 29-ти април во Македонската Филхармонија,  ќе настапи Урсула Еаглиод (САД) која и воедно и ќе го отвори Меѓународниот ден на танцот. Ова се првите од многуте кореографи кои ќе гостуваат како дел од проектот инциран од странана вонр. проф. д-р Шукарова во склоп на NGO Nomad Dance Academy-Macedonia.  По неколкудневните работилници со студентите, во саботата на 31 март 2018 година во фоајето на МОБ , се претстави ПРОЕКТ М, на кој учесници се и студенти од ФМУ - Скопје,  со кореографот  Нелсон Валмор од Словенија кој ја истражува разиграноста и кинестетичко-физичката интелигенција во уметноста на повеќе нивоа како изведувач, танчер, кореограф, кловн, учител, писател, модератор, издавач и продуцент. 

Во ПРОЕКТ М учествуваа студентите од ФМУ-Скопје: Деана Антевска, Јована Јанчовска, Бојан Мицев, Јана Петровска, Росана Стефанова, Ана Маркоска, Марија Ристеска, Теодора Ежовска, Христина Ангеловска, Стефанија Лефтеровска, Милена Гаврилова, Тања Василевска, Елена Костадинова, Бисера Димчева, Ангела Костадиновска и Олга Серафимова.

Нелсон Валмор како дел од проектот The game M ја покани вонр. проф. д-р Искра Шукарова во Љубљана, во септември 2016 година, каде тие работеа на делото“MC2=Ǝ, movement exhibition” кое беше истражување помеѓу вонр. проф. д-р Шукарова и уметничкиот колектив за арт-технологија-Циркулација 2.