Објавено на: 30 октомври 2018
Шпаркасе Банка Македонија и Steiermarkische Sparkasse во соработка со неколку Универзитети во Грац, Република Австрија, ја промовираат програмата за избор и стипендирање на најдобрите студенти од Република Македонија кои можат да станат дел од "Best of South East" програмата за 2019/2020 година.
Веќе 10 години успешно се реализира поддршката на 10-те најдобри студенти од областа на економијата и правото, а во изминатите неколку години проектот е проширен и на стипендирање на студенти од техничките факултети, металургијата и музичката академија.
Рокот за пријавување на студентите е до 30-ти ноември 2018 година.
Во продолжение може да го погледнете Конкурсот со останатите информации потребни за пријавување на студентите од Факултетот за музичка уметност.
Конкурсот е објавен и на веб страната на Шпаркасе банка Македонија, на следниов линк: https://sparkasse.mk/Footer/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%B0/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B0_%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%B8.aspx
Best_of_South_Eastern_Region_Scholarship_2019_bis_2021_english.pdf